-->
-->
Приведен сопственик на угостителски објект во Пирок во кој имало гости и работел по дозволеното време
-->
Тетовската полиција синоќа околу полноќ во селото Пирок привела 50- годишен сопственик на угостителски објект во кој имало гости и работел по дозволеното време.
-Приведувањето е поради тоа што не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирусот. По целосното документирање на случајот на М.Ј. (50) ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
И на 2 декември при заедничка контрола на полицијата и Државен пазарен инспекторат во тетовска Мала Речица беше приведен сопственик на угостителски објект поради работа надвор од прописите за време на епидемија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице