Македонија
9. December 2020 - 11:58

Филипче на состанок со директорите од Интерно - потрошувачката на терапии е зголемена но нема недостиг од лекови

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид пацинетите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број на лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови.  
 
Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, а Министерството за здравство, ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид пациенти. Во однос на кадарот ќе бидат испратени дополнителен борј лекари во сите ковид центри на интерните клиники.