Квалификации СП 2022: Романија прв противник, Германија во Скопје на 11 октомври
Македонската фудбалска репрезентација квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар ќе ги започне со меч на гостински терен против Романија, на 25 март следната година.
Во второто квалификациско коло Лихтенштајн ќе гостува во Скопје, на 28 март, додека на 31 март „црвено – жолтите“ гостуваат кај главниот фаворит во Ј-групата, Германија.
На 2 септември македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Ерменија, а три дена подоцна гостува на Исланд, на 5 септември. Вториот циклус македонската репрезентација го завршува на домашен терен против Романија на 8. септември.
На 8 октомври следува гостување во Лихтенштајн, а на 11 октомври во Скопје ќе гостува Германија од 20.45 часот.
Во завршниот ноемвриски циклус, македонската репрезентација ќе гостува во Ерменија на 11 ноември, а последниот меч на календарот е на домашен терен со Исланд на 14 ноември.
Ново на Сител
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција