Бучковски утре во посета на Софија
Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, утре ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија.
Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева утре ќе го прими специјалниот претставник на Република Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.
По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во 13.30 часот во Министерството за надворешни работи.
Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а во четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.
Универзитетскиот професор и поранешен премиер Бучковски Владата минатата недела го назначен за специјален пратеник во Бугарија.
Ново на Сител
-
Никол Кидман и Зак Ефрон во „A family affair“
-
Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија
-
Две пријави за семејно насилство во еден ден
-
Скопјанец нападнат од татко и син во Драчево
-
Куршум оштетил автомобил на млада скопјанка
-
Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата
-
Неготинец се удави во Охридското Езеро
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани