Калина Корчагин до Заев: Дали името на мојот дедо ќе го замениш со името на неговиот убиец за твои лични интереси?
„Драги браќа и сестри Македонци!
Живеев живот вон очите на јавноста и сакав така и да остане. Мислев дека моето семејство дало доволно крв за Македонија.
Но, јас, како што верувам и секој од нас, секој чесен Македонец, не би можел да премолчи кога нечии политички игри му чепкаат во семејството.
Зоран Заев го навреди моето семејство. Зоран Заев ги навреди моите дедо и татко. Зоран Заев ме навреди мене. Го навреди и моето дете. Што јас да му раскажам? Како да ја пренесам личната, семејната историја? Како да го избришам семејното херојство, но и преживеаниот терор на мојот народ? Зар треба да го кријам мојот дедо од сопственото дете?
Потекнувам од семејство кое било директно вклучено во организирањето и борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор, како и за нејзино осамостојување.
Раде Јовчевски - Корчагин е мој дедо, еден од основачите на двата скопски партизански одреди, кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Зарем Македонците тогаш не можеле да разликуваат „администрација“ од окупација, па формирале партизански одреди за да се борат против оние кои пријателски убивале и вршеле злодела низ Македонија?!
Поради неговите дела и борба за ослободувањето на Македонија од Бугарскиот фашистички окупатор, два пати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство.
Бил ладнокрвно убиен од Анто Георгиев - Антов, бугарски агент, по наредба на бугарската полиција.
Се прашувам, дали за ваква „администрација“ Заев сега сака да ни наметне да мислиме дека ни помогнала во ослободување од окупаторот.“ изјави внуката на Корчагин Калина Корчагин на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
