-->
-->
Зидан доби поддршка од Касиљас
-->
Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас се огласи по повод резултатската криза на „кралевите“.
Реал по поразот од Шахтјор пред три дена се доведе во ситуација да стравува околу пласманот во плејофот на Лигата на шампионите, а заостанува зад водечките во домашното првенство.
– Зидан е одличен тренер и добар пријател. Тој ќе се потруди Реал Мадрид да постигне најдобри резултати. Не можете да живеете врз база на успесите во минатото, но сепак, тој има кредит и право да го тренира Реал, истакна Касиљас.
Во шпанските медиуми се појавија шпекулации дека Зидан ќе добие отказ во случај да не ја помине групната фаза во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
