Фудбал
30. November 2020 - 10:19

Многу емоции, ќерката на Марадона плачеше на „Ла Бомбонера“ кога играчите на Бока прославија гол пред неа

Бока јуниорс синоќа го победи Њувелс Олд Бојс со 2-0, се беше во знакот на Диего Марадина, а неговата ќерка Далма во живо го следеше мечот.

Бока јуниорс е омилениот клуб на Марадона, тој на стадионот „Ла Бомбонера“ има посебен бокс каде често со својата ќерка ги гледаше мечевите, овој пат таа беше сама, со нејзиниот сопруг.

Во 12. минута Кардона постигна прекрасен гол од слободен удар, тој и останатите играчи на Бока јуниорс отидоа пред боксот на Марадона да го прослават голот, неговата ќерка тој момент го доживеа со многу емоции, не можеше да ги сокрие солзите, почна да плаче.

Сите играчи на Бока на овој меч, наместо своите презимиња, го носеа презимето на големиот Диего Армандо Марадона.