Борис Трајанов со концерт ќе одбележи 30 години творештво
Националниот уметник на Македонија, баритонот Борис Трајанов вечер во Македонската опера и балет ќе го одржи својот јубилеен концерт „На Македонија со љубов“, со кој ќе одбележи 30 години уметничка дејност.
На концертот ќе бидат изведени едни од нашите најубави традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Во изборот се наоѓаат - „Сношти минав“, „Саноќ седам Трено“, „Си заљубив едно моме“, „Со маки сум се родил“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“... Публиката ќе има можност да го слушне и „Тешкото“ од балетот „Македонска повест“ на Глигор Смокварски.
Гости на концертот ќе бидат мецосопранот од Србија Јелена Влаховиќ, нашите првенци, сопранот Весна Гиновска-Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски.
Специјално за овој концерт се подготвени нови аранжмани на песните чии автори се Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти се Ивана Коцевска и Дојчин Дочев од Бугарија. Концерт мајстор ќе биде Верица Ламбевска, режисер Дејан Прошев, а диригент, гостинот од Србија Ѓорѓе Павловиќ.
Автор на сценариото за концертот е драматургот Братислав Димитров, а наратор ќе биде актерот Владо Јовановски.
Трајанов во 2008 година стана дел од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде ја формираше и Катедрата за соло пеење. Тој е добитник на повеќе домашни и интернационални награди, а настапувал на голем број популарни сцени во светот, на 700 претстави во над 80 оперски куќи.
Во својата 30-годишна кариера се стекнал со признанието „Уметник на мирот“, доделено од УНЕСКО и ја добил наградата „Оперски oскар“ за најдобар машки оперски уметник во Грац.
Ново на Сител
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
За уште 48 часа продолжен притворот на 16 лица за пожарот во Кочани, приведени уште двајца
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев
-
Малчев од Бугарија: Над 500 граѓани донираа крв за настраданите, наместо ракија - салата патриотизам да градиме мостови