САД и официјално го напуштија Договорот за отворено небо
САД денеска официјално престанаа да го почитуваат Договорот за отворено небо (Open Skies Trеaty), со кој се овозможуваа извидувачки летови на невооружени авиони над територијата на земјите потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти.
Вашингтон во мај објави дека договорот повеќе не кореспондира со националните интерси на САД, пред се поради тоа што Русија го прекршува, како и затоа што снимките направени за време на тие летови можат да се добијат побрзо и поевтино со американските или комерцијалните сателити. Москва, пак, имаше свои забалешки кон САД и кон низа други земји.
Москва сега од европските земји бара да потпишат гаранции за непредавање информации на САД собрани за време на надлетување над руска територија. Исто така, Москва бара писмена заверка од европските земји дека тие нема да им забрануваaт на руските авиони да вршат инспекција на локациите на американските воени објекти на нивна територија.
Договорот за отворено небо стапи во сила во 2002 година. Документот е потпишан од 35 земји и според него земјите можат да си ги надлетуваат своите териториите заради градење на доверба.
Експертите сметаат дека излегувањето на САД е грешка.
-Додека Русија го прекршуваше договорот, САД преземаа реципроцитетни мерки. НАТО сојузниците го поддржуваат договорот, бидејќи пред сѐ ја зацврстува европската безбедност, велат од Институтот Брукингс.
Во јули 1955 година, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер беше првиот што предложи САД и тогашниот Советски Сојуз меѓусебно да дозволат извидувачки летови над нивните територии. Москва најпрво ја отфрли идејата, која ја оживеа претседателот Џорџ В. Буш во мај 1989 година, и договорот стапи во сила во 2002 година и досега беше потпишан од 35 земји, но истиот не е ратификуван од една – Киргистан.
Повеќе од 1.500 летови беа извршени според договорот, чија цел е да се зголеми транспарентноста на воените активности и да помогне во надгледувањето на спроведувањето на договорите за контрола на оружјето. Русија не дозволува такви летови над делови од државата.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o