Македонскиот државен врв не губи надеж, опозицијата побара оставки
И покрај блокадата од Бугарија Македонија останува посветена на изноѓање решение на приблемот кој го отвори Бугарија но како што велат, само во рамките на она што е можно.
Целиот државен врв не губи надеж дека со Бугарија може да се постигне договор пред крајот на оваа година. Премиерот вели дека одговорноста за неуспехот не е на Владата.
Идентичен став имаат и вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Османи. Димитров вели дека остануваме посветени да најдеме излез но само во рамките на како што вели, она што е можно. И Османи кој утрово имаше оналјн средба со неформалната пратеничка група во европскиот парламент Пријатели на Македонија, рече дека земјава продуктивно ќе го искорсити периодот пред себе коментирајќи дека до декември се уште има како што рече, пристојни шанси
Опозицијата и денеска констатираше дека Владата нема ниту волја ниту капацитет да ги спроведе потребните реформи за членство во Европската Унија. Од таму велат дека политиката на понижувања, предавства и отстапки која што ја водел Заев резултирала со неуспех и затоа премиерот треба час поскоро да си замине.
Барањето на Николоски има поддршка од сите партии во опозицискиот блок. Вчера и лидерот на Алијансата Села излезе со идентичен став а претходно тоа го поддржа и Алтернатива на Гаши. Првите 100 дена од изборот на новата Влада истекуваат на почетокот на идниот месец што ќе им отвори простор на опозициските пратеници да ги поднесат и првите интерпелации или пак да побараат гласање на доверба на Владата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
