Пецас: Грција ја поддржува ЕУ перспективата на регионот, но никој не може да спречи земја членка да покренува свои прашања
Ќе продолжиме да ја поддржуваме европската перспектива на регионот, но никој не може да спречи земја членка на Унијата да покренува свои прашања во пристапниот процес, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето за тоа каков е ставот на Грција за бугарските позиции во однос на патот на нашата земја кон ЕУ.
Πецас, сепак изрази надеж дека на крајот ќе се отвори вратата за европска перспектива за земјите од регионот.
– Ние традиционално сме за зајакнување на врските на земјите од целиот регион и секако ја имаме поддржано европската перспектива на земјите од Западен Балкан. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Оттука, како што знаете и ние во минатото кажавме дека ќе одиме на отворање и затворање на преговарачките поглавја согласно и со нашите интереси. Ќе гледаме, во интегративниот процес да гарантираме дека се задоволени грчките интереси. Во овие рамки, никој не може да спречи никоја друга држава членка да покренува свои прашања во процесот. Се надеваме дека на крајот од патот навистина ќе се отвори вратата за европска перспектива и на овие земји, рече Пецас.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување