-->
-->
Во Косово изминатото деноноќие 13 починати, 501 заболен и 250 излекувани од Ковид-19
-->
Бројката на смртни случаи од пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна вкупно 822 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од коронавирусот.
Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.361 тест со методот РТ-ПЦР (118.946 вкупно досега), позитивни на коронавирусот биле 501 лице.
Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се зголеми на 29.117, а болеста досега ја совладале 17.305 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 104 пациенти.
Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 10.990 активни заболени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци
-

Иран со сериозни забелешки на некои потези на САД, но не ја исклучува можноста од нова рунда преговори
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
-

Одбележување на Националниот ден на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања
-

Без вода и струја неколку улици во Скопје
