Бизнис
15. November 2020 - 16:33

Ќе стаса ли помошта на време за да се исплатат плати?

Ќе доцни платата за фирмите што чекаат помош од државата. Системот на УЈП овие денови има проблеми, се жалат сметководителите. Најпрво, доцна беше објавен потребниот образец, потоа кратко беше времето за пријавување, а сега има редица технички грешки. Една од нив е што не може да се изврши никаква корекција затоа што системот враќа порака дека рокот е истечен.

Сметководителите велат дека веќе ја алармирале Управата за јавни приходи за проблемите што ги имаат, но брзо решение за нив најверојатно нема да има.

Од УЈП пак тврдат дека нека никаков проблем со системот. Сите премсетки што се пуштени и се поминати, ниту една плата не била одбиена.  Ако некоја пресметика е вратена тоа значи дека не се исполнети условите за аплицирање на државна поддршка, велат од Управата за Сител.