Ибрахими: Пеењето на албанската химна на 27 април беше процедурално

Пратеникот Зеќирија Ибрахими кој на продолжението од конститутивната седница на 27 април во 2017 година, ја испеа албанската химна вели дека тоа било процедурално.
Во својот исказ денеска пред судот како сведок на судењето за наводните организатори на 27, појасни дека ја пеел химната на Албанија бидејќи претходно пратеникот Крсто Мукоски ја пеел македонската химна кое за Ибрахими било провокација.
Во изјава за медиумите, Ибрахими рече дека пеењето на албанската химна не било прекршување на деловникот бидејќи претходно тоа веќе го сторил претседавачот со конститутивната седница, кој дозволил од говорницата да се пее македонската химна.
На денешното рочиште сведочат и пратениците Владимир Ѓорчев, Дафинка Јовановски, Ана Лашкоска, Ејуп Алими, Реџеп Исмаили и Теута Биљали.
Сите сведочат по барање на обвинетиот Трајко Вељановски кој заедно со Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се обвинети дека ги организирале собраниските настани од 27 април.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
