Трипуновски: Преспанското езеро повлечено до 500 метри, ова е еколошка катастрофа
Се наоѓаме на местото каде некогаш беше Преспанското езеро, да, на местото каде што стоиме пред две години имаше вода, денес езерото е повлечено од 50 – 500 метри кон средината.
Ова што се случува во Преспа, а е резултат на неспособната влада и нејзината желба за профит го загрозува животот како на луѓето, така и на целиот животински и растителен свет во Преспа и целиот Југозападен регион на Република Македонија.
Нивото на езерото е опаднато за над 5 метри. Ова е рамно на еколошка катастрофа, а на истата сме сведоци секојдневно. Изумрена риба на бреговите, намален кислород во езерото, со што практично е загрозен целиот рибен фонд, и опасност од трајно исчезнување на езерото.
Преспанското езеро е езеро кое што го полни Охридското езеро, и доколку дотурот на вода во истото е слаб, а одливот голем, може да дојде до целосно пресушување, што во моментов и практично се случува.
Ова пред се е резултат на големото трошење на водата од Црни Дрим за производство на струја и големиот одлив кон Охридското езеро, но и непланското трошење на водата од Преспанското езеро.
Ова е национална катастрофа, која има име и презиме – Зоран Заев. Некој за ова мора да понесе одговорност.
Се става во крајна опасност опстанокот на езерото, опстанокот на туризмот во регионот, но и животинскиот и растителниот свет во овој регион.
Во Република Албанија имаше и парламентарна расправа и се активираат голем број на чинители за спас на езерото, но во Република Македонија, каде се наоѓа поголемиот дел од езерото, владата молчи и дозволува тоа бавно да исчезнува и пресушува.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
