Расчистено насилството врз навивач во Скопје, поднесена кривична пријава
На 09.11.2020 година, Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (24) и А.Б. (18) и двајцата од Скопје поради
основано сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по чл.386 од КЗ и известување во врска со настани случени на 13.09.2020 година и 19.09.2020 година кога повеќе лица извршиле кривично дело
„Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ согласно чл.319 од КЗ.
Имено, кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени.
Известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан случен на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор
Проевски – Скопје, каде навивачи движејќи се кон арената извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување
на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ.Петров и Ф.К. Вардар, на бул.Ѓорче Петров во Скопје.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
