Експерименталната вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“ ефективна повеќе од 90 проценти
Фармацевтската компанија „Фајзер“ oбјави дека нејзината експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречување на Ковид-19, врз основа на првичните податоци од голема студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата, пренесува „Ројтерс“.
Големиот процент на оние кои се заштитени ги прави наодите убедливи. Регулаторите рекоа дека ќе одобрат вакцина која е ефикасна само 50 проценти – заштитувајќи половина од оние што ја примаат.
Компанијата вели дека немало сериозни несакани ефекти.
„Денес е одличен ден за науката и човештвото. Првиот сет на резултати од нашето испитување на вакцината против Ковид-19, фаза три, дава првични докази за можноста на нашата вакцина да спречи Ковид-19″, рече Алберт Бурла, претседател и извршен директор на „Фајзер“.
Повеќе од 43.000 луѓе учествуваа во испитувањето во третата фаза.
Ново на Сител
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
