ЕВН со нова попрегледна фактура за електрична енергија

ЕВН Македонија почна со дистрибуција на новите фактури за потрошена електрична енергија на корисниците од првата отчитувачка група. Новите фактури, велат од компанијата, се попрегледни имаат поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни.
- Во фактурите кои корисниците во иднина ќе ги добиваат наведени се податоци за корисникот и фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и новите состојби и други дополнителни информации, прецизираат од ЕВН македонија.
Оттаму нагласуваат дека заедно со новите фактури, корисниците ќе добијат и детално објаснување за нивната содржината и додаваат дека до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури за електрична енергија.
- Целта на новите фактури не е само да овозможиме поедноставен и попрегледен увид во испорачаната електрична енергија на корисниците. Во рамки на фактурата ќе биде достапен и податок за просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари. Дополнително, корисниците ќе имаат на располагање и примери за просечната потрошувачка на апаратите за домаќинство, потенцираат од ЕВН.
Овие информации, сметаат од компанијата, може да се искористат како одличен индикатор за пресметување на потенцијалот за заштеда на електрична енергија во домот. На фактурите исто така, транспарентно ќе биде претставена и распределбата на трошоците помеѓу сите учесници на пазарот, што секој краен корисник ги плаќа преку својата сметка. Се надеваат дека корисниците ќе можат полесно да ја планираат својата потрошувачка на електрична енергија со промените во дизајнот и квалитетот на информациите.
Ново на Сител
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
