Лукаревска: Блокирани сметките на фирмите кои не ја исплатија доделената помош на вработените
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска посочи дека преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот, работодавачите можат да аплицираат за финансиска поддршка, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година.
Заедно со министерот за финансии, Фатмор Бесими соопштија дека ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.
На новинарско прашање околу компаниите што ја злоупотребија државната помош, Лукаревска соопшти дека на сите компании УЈП им ги блокирала сметките и на дел од нив веќе им биле повлечени овие средстава од државната помош.
„Имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, наведе Лукаревска.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
