Во светот има четири бои на пасоши
Постојат само четири бои на пасоши во светот, а црвената е најчеста.
Црвен пасош, обично, имаат избрано земји со комунистичко минато – Србија, Словенија, Кина, Русија, Бугарија, Романија, Полска… Но, и пасошите на скоро сите членки на ЕУ, освен на Хрватска, исто така, се црвени. И македонскиот, албанскиот и турскиот пасош (како на земји кои со години чекаат влез во Унијата), се црвени.
Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу се членки на Андската заедница на нации (Царински сојуз), па имаат пасоши со темноцрвена боја.
Синиот пасош го претставува „Новиот Свет“ на којшто му припаѓаат 15 земји од Карибите. Оваа боја ја користат и членки на трговскиот сојуз Меркосур – освен Венецуела, која сè уште има црвени пасоши.
Граѓаните на САД користат сини пасоши од 1976 година.
Зелен пасош имаат граѓаните на скоро сите земји каде исламот е доминантна религија, оти се смета дека зелената боја била омилена боја на пророкот Мухамед. Зелени пасоши имаат и земјите од економската заедница на западноафриканските земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал.
Црн пасош користат само неколку држави. Од африканските земји, тоа се Боцвана, Замбија, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго и Малави. Покрај нив, оваа боја на пасош ја користи и Нов Зеланд бидејќи овде црната е национална боја.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
