Американските граѓани бираат претседател
Американските граѓани денеска избираат нов претседател. Финалната изборна трка е помеѓу сегашниот шеф на државата републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден. Првите избричаки места традиционално беа отворени во Њу Хемшир, но користејќи го правото поради ковид пандемијата рекорден број Американци 98 милиони до сега гласаа од напред.
Во анкетите води демократскиот кандидат Џо Бајден, а исходот многу ќе зависи од гласањето во десетина од педесет сојузни држави во САД во кои резултатот е неизвесен. За победа на изборите потреби се најмалку 270 електронски гласови па како клучни дрѓави се издвојуваат Флорида, Пенсилванија, Охајо и Џорџија. Конечниот резултат може да се очекува најдоцна во четврток или во петок.
Хрватска од ново бележи нов рекорд на новозаразени од Ковид-19. Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 1427 новозаболени, но и рекорди 34 починати, објави националниот штаб за цивилна заштита.
Утрово во Грција стапија на сила новите рестриктивни мерки за дополнително спречување на ширењето на заразата со Ковид-19. Атина и северниот дел на земјата се во мини а Солун и Серес во целосен карантин. Од вчера Грција е поделена во 3 зони според степенот на опасност жолта, црвена и сива со посебни мерки и рестрикции.
Уште едно 4-годишно девојче беше спасено од урнатините во Измир денес четири дена откако земјотресот го погои тој град пренесоа турските медиуми, но бројот на жртви порасна на 100. Според најновиот извештај на турската агенција за управување со катастрофи и вонредна состојба најголем број жртви дури 98 се од Измир додека 2 девојчиња загинаа на грчкиот остров Самос. Ова е најсмртоносниот земјотрес кој се случил во Турција последните 10 години.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
