Loading Video...
Македонија
20. October 2020 - 16:36

Свадбата на Богдановиќ на Косово предизвика не само здравствени туку и политички реакции

Ден по објавените снимки од свадбата на градоначалникот на Центар на Косово, премиерот Заев вели дека ако имало провокации, тој ги осудува. Сепак премиерот потенцира дека во изјавите на Богдановиќ не препознава чувство дека неговите права во Македонија се загрозени. 

Јас внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Општина Центар, тој тврди дека се оградува од поединци кои биле на венчавката. Не разбрав дека чувствувал дека во Македонија му е забрането да го прави тоа. Ако имало порака на провокација, ја осудувам. Ние сме авангарда за „Едно општество за сите“ и ги поддржуваме нашите соседи“, изјави Зоран Заев.

Градоначалникот Богдановиќ пак втор ден не одговара на прашањето кои верски права чувствува дека му се загрозени во Македонија, откако ваква изјава даде за српската телевизија Б92. 

Покрај ова снимка, бурни реакции во јавноста предизвикаа и тврдењата на братот на сопругата, но и гостите на свадбата на Богдановиќ дека свадбата е огранизирана на Косово, бидејќи србите во Македонија немаат право на венчавки во канонски храмови во земјава.    

Вчера и министерот за здравство Венко Филипче го осуди потегот на Богдановиќ за организирање свадба во друга држава во екот на пандемијата, со став дека политичарите треба да бидат пример за граѓаните. 

Градоначалникот на Општина Центар пак возврати дека венчавката била организрана со почитување на сите здравствени протколи.