Собранието усвои повеќе измени и дополнувања на закони од различни области

Собранието на Република Македонија на денешната седница не го усвои Предлог-законот за вработените во јавно-обвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по скратена постапка, поднесен од пратениците од СДСМ.
Пратениците ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, поднесени од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Со измените, појасни пратеникот Андон Чибишев, се предлага лековите за малигни заболувања кои се прва линија на лекување да се набават со средства од Министерството за здравство и од Агенцијата за лекови и да бидат достапни до граѓните на кои има се потребни. Проектот, како што се појасни, ќе трае една година време за кое се очекува да бидат создадени услови овие лекарства да бидат фармако-економски оправдани.
Беа разгледани и усвоени и измените и дополнувањата на Законот за градежно земјиште и на Законот за градење.
Пратениците денеска во рамки на 80-та седница ќе расправаат по интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, поднесена од пратеничката група на СДСМ.
Меѓу 40-те точки на 80. седница се и законите за дополнува и измена на законите за платите на судиите и на јавните обвинители, како и повеќе други предлог-закони од повеќе области, како и барања за автентични толкувања.
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
