ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести се стави во функција на извршител на Заев
Комисијата за заразни болести потфрли во целост. Наместо како лекари се поставија како политичари. Епилогот е скоро 6.000 заразени од Ковид од почетокот на месецот до денес.
Комисијата која велеше дека се е под контрола и се стави во функција на извршител на Заев и Филипче сега е една од највиновните за енормниот број на заразени.
Веќе неколку дена по ред 20% од вкупниот број на тестирани се позитивни на Ковид што е поразителна бројка. Околу 5.500 луѓе моментално се позитивни на корона вирусот во државата додека бројките на починати континуирано растат.
СДСМ исполитизира се. Исполитизирана е и Комисијата за заразни болести, и менаџментот во здравството, затоа цело лето не се презема ништо во оспособување на нови болнички капацитети, и затоа медицински кадар бега од Македонија.
Власта не ги направи потребните подготовки за претстојниот есенски бран на Ковид што следи па уште сега нема место во болниците. А, нема ниту вакцини против сезонски грип. Власта нема никаква стратегија. За здравјето на граѓаните се одлучува со ден за ден политики. Граѓаните се жртва на аматеризмот на власта. Потребна е одговорност.
Граѓаните очекуваат сериозност од власта и Комисијата за заразни болести, а не политизација и собирање на политички поени.
Ново на Сител
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
-

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
