Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 38.240.368 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.088.172 пациенти, а оздравеле 28.737.163 луѓе.
– Во Русија во последното деноноќие е потврден рекорден број на новозаразени со коронавирус и смртни случаи. Регистрирани се 13.868 нови случаи, а починале 244 луѓе, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти кризниот штаб. Вкупниот број на заразени во Русија достигна 1.326.178, а на починати 22.966 лица.
– Бројот на заразени со Ковид-19 во Аргентина надмина 900.000, откако во последните 24 часа се пријавени 9.524 нови случаи, како и 318 починати. Владата минатата недела ги заостри мерките во траење од 14 дена, кои важат за 18 провинции.
– Во Кина се регистрирани првите локално пренесени случаи на коронавирус по речиси два месеца, откако во градот Кингдао почнало масовно тестирање поради кластер во болница, каде се лекуваат заразени од странство. Националната здравствена комисија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени вкупно 13 случаи, од кои седум од странство, а шестмина се од локална трансмисија во привинцијата Шандонг, кадешто се наоѓа Кингдао.
– Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 587 новозаразени со Ковид-19, а починале уште 23 лица. Од почетокот на епидемијата во оваа земја се инфицирани 24.889 лица, а досега починале 915.
– Во БиХ во последното деноноќие се регистрирани 336 мови случаи на зараза со Ковид-19 и 11 починати пациенти.
– Во Србија се потврдени уште 152 случаја на Ковид-19, а две лица починале, објави Министерството за здравство. Со тоа вкупниот број на заразени во земјата достигна 35.006, а 767 пациенти починале.
– На Кипар е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, односно 62 новозаболени во изминатите 24 часа, од направени 3.645 тестови, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 2.109 лица.
– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 408 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште шест лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 23.060 лица и регистрирани 462 смртни случаи.
– Во Албанија во последното деноноќие повторно висока бројка на новодијагностицирани со Ковид-19. Од направените 1.055 тестови, позитивен резултат е добиен кај 182 лица, што е највиска бројка на новозаразени во едно деноноќие досега. Во исто време оздравеле 90, додека починале пет лица во болнички услови. Од почетокот на март досега направени се вкупно 100.953 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 15.752, оздравеле 9.675, починале 429 лица. Активни на болеста се 5.648, од нив 244 се хоспитализирани во двете ковид болници.
– Во Црна Гора во изминатите 24 часа регистрирани се 218 новозаразени со коронавирус, како и два смртни случаја. Најголем број од новозаразените има во Подгорица – 84.
– Еден починат, 98 заразени и 37 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во изминатие 24 часа во Косово. Според официјалните статистики на здравствените власти во Приштина, од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 649 смртни случаи, 16.345 заразени и 14.405 лица кои ја совладале болеста. Бројката на активни носители на вирусот моментно изнесува 1.291. Вчера се извршени 685, а од почетокот на пандемијата 75.973 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
