Второодделенец и директорка на штипска градинка во изолација

Во основното училиште „Славејко Арсов“ во штипската населба Баби од утринава едно дете е ставено во изолација, откако тестотот на еден од неговите родители покажал дека е позитивен.
-Сакам да ја информирам јавноста дека ученикот, детенцето е од второ одделение и вистината е дека детето не е позитивно, туку неговиот родител, од превентивни причини мајката на детето одлучила, што е и според протоколите детето да е во изолација, додека нејзиниот тест не излезе дека е негативен, вели Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип.
Таа потенцира дека состојбата во училиштето се следи, учениците од неговата паралелка, но и од останатите немале физички контакт со детето, кое е во изолација. Детето наставата ќе ја следи онлјан, од својот дом.
Директорката на градинката „Вера Циривири Трена“-Штип, Софка Атанасова од денеска е во изолација, бидејќи имала контакт со лице кое е позитивно на коронавирусот.
Раководителот на Секторот за јавни дејности, ЛЕР и образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска за МИА ја потврдува информацијата и вели дека директорката нема никакви симптоми, но во согласност со протоколите и да се заштити персоналот, самата директорка побарала да биде во изолација.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
