ВМРО-ДПМНЕ: Парите од четвртиот пакет на мерки ќе завршат во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт
Без никаков срам СДСМ и Заев се фалат за четвртиот сет на мерки за надминување на кризата кога поради нивните погубни политики од месец март до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без приходи.
Граѓаните многу добро знаат дека овој четврт сет на мерки кој се претставува е со цел да тие пари повторно завршат во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт.
Овој пакет на мерки само повеќе ги продлабочува проблемите во економијата трошејќи пари кои се на народот и после неколку години треба да се вратат затоа што кредитите ќе доспеат.
Четвриот пакет на мерки не дава никаква помош за 40.000 невработени, за проблемите во туризмот, за студентите, за младите, за проблемите во малиот и среден бизнис.
Едноставно и тоа што го ветија самите не можат да го исполнат.
СДСМ и Заев и не се решение на проблемите. Тие не се борат против криминалот, тие го прават криминалот во државата.
Ново на Сител
-
Неготино: Маж ја натепал својата сопруга, и извадил и нож
-
ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата
-
Скопјанка ја каснало куче скитник, при што паднала и се повредила
-
Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена
-
МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение