Свет
3. October 2020 - 9:06

Тајмс: Масовно производство на вакцина против коронавирус во Британија за три месеци

– Масовното производство на вакцината против новиот коронавирус во Велика Британија може да почне за три месеци, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори од британската Влада.

Научниците кои работат на развој на вакцината на Универзитетот во Оксфорд се надеваат дека таа ќе биде одобрена до почетокот на 2021 година, пишува лондонскиот весник.