Навални: Путин е одговорен за моето труење
Тврдам дека Путин стои зад злосторството и немам друга верзија за тоа што се случи. Тоа го нагласи рускиот опозиционер Алексеј Навални во интервју за германскиот магазин Шпигел. Целото интервју ќе биде објавено во текот на денот.
Обвинението на Навални доаѓа само неколку дена откако германски магазин објави дека германската канцеларка Ангела Меркел тајно го посетила Навални додека тој бил во болница во Берлин.
Навални сериозно се разболе за време на авионски лет во Русија на 20 август, кога авионот итно слетал во сибирскиот град Омск за да биде тој пренесен во болница.
Веднаш штом му се слоши, неговата портпаролка Кира Јармиш објави дека можеби бил отруен.
Руските лекари изјавија дека не откриле трага од отров, тврдејќи дека тој страдал од остар пад на гликоза. Два дена подоцна, тој беше пренесен во Берлин, на понатамошно лекување во болница на инсистирање на неговото семејство.
Германските специјалисти во анализите пронајдоа траги од нервниот агенс „Новичок“.
Ново на Сител
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина
-
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот
-
Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода