-->
-->
Баркли ја засили Астон Вила
-->
Фудбалерот на Челси, Рос Баркли замина на позајмица во Астон Вила до крајот на сезоната.
Баркли се пресели од Евертон во Челси во јануари 2018 година, за кој одигра три натпревари оваа сезона и постигна гол.
– Доаѓањето на играчи од овој квалитет е вистинска придобивка за клубот и сигурен сум дека тие ќе го засилат нашиот тим, рече тренерот на Астон Вила, Дин Смит.
Пред да се пресели во Челси, Баркли одигра 179 натпревари за Евертон и постигна 27 погодоци.
Тој не успеа да се избори за место во лондонскиот тим по доаѓањето на Каи Хаверц, Тимо Вернер и Хаким Зијеч, и оваа сезона не беше стартер во Премиер лигата.
Тој играше во третото коло од Лига купот против Барнсли и постигна гол во победата од 6:0.
Халфот третото засилување на Астон Вила во летниот преоден рок, по доаѓањето на Бертран Траоре, Оли Воткинс, Емилијан Мартинез и Метју Кеш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск