„Ролан Гарос“: Прекината конференцијата на Ѓоковиќ
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одржа својата најкратка прес-конференција на Гренд-слем турнир во престолнината на Франција, бидејќи организаторите нагло ја прекинаа.
Одговарајќи на прашање, Ѓоковиќ истакна дека не е фер што организаторите исфрлија неколку тенисери, вклучувајќи го и Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина, без дозвола да направи уште еден тест за вирусот Ковид-19.
– Навистина е тажно што некои играчи се дисквалификувани од главниот дел на турнирот и од квалификациите. Ако играч бил позитивен двапати, секако дека треба да биде елиминиран, но ако тоа е „лажно позитивен“ резултат, треба да му се дозволи да игра. Едноставно, по првиот позитивен тест, играчот треба да биде ставен во 24-часовна изолација и по вториот тест да се донесе одлука. Сето ова е малку збунувачко за нас, на некои турнири оваа година ова е пракса, а во некои не, рече тој.
Србинот потоа рече дека има „многу докази дека имало лажни позитивни резултати, но не само во тенисот“.
– Ова се работи на кои не можам да влијаам. Јас можам само да се обидам да играм добро, дека ќе бидам негативен на тестот, и ако не биде негативен … Што ќе направам, треба да го прифатам тоа. Навистина е тажно што некои играчи се дисквалификувани токму така. Сè е малку збунувачко за нас. На самите организатори не им е лесно да се справат со толку многу тестирања и има многу докази дека имало лажни позитивни резултати, не само во тенисот, туку и генерално, рече Новак, пренесува српскиот портал Нова С.
– Знаете, во мојата земја се вели: „Од твоја уста во Божји уши“. Се надевам дека она што го рековте ќе се оствари. Толку време сонував за титулата на „Ролан Гарос“, изгубив три финалиња пред да го освојам трофејот во 2016 година, што беше еден од најубавите моменти во мојата кариера. Се надевам дека ќе биде така и оваа година додаде okоковиќ.
Новинарот започна да поставува друго прашање, но домаќинот на прес-конференцијата веднаш го прекина.
Таквиот потег го изненади самиот Ѓоковиќ, кој ширум ги отвори очите, ги рашири рацете и им се извини на новинарите.
Дека мислењето на Ѓоковиќ за вирусот е причина за прекинување на официјалното обраќање пред новинарите, говори и клипот што Ролан Гарос го објави на неговиот официјален канал.
Во тој клип, кој трае минута и пол, говорот на Ѓоковиќ за коронавирусот е целосно елиминиран.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран