СКСЗМ: Новиот пакет мерки не смее да ги стопира планираните инвестиции на државата

Повеќето од економските мерки кои СКСЗМ ги предлагаше, може да се најдат во четвртиот сет на мерки против ковид на Владата, и сметаме дека поголемиот дел од мерките се погодени.
Зачувувањето на работните места, ликвидноста на компаниите и поттикот за зајакнување на конкурентноста се клучни елементи за нашата економија во оваа фаза на пандемијата бидејќи во овие сегменти на економијата сме претрпиле многу, и доколку сакаме да се вратиме во нормалната трајекторија на раст, потребен е итно закрепнување Сепак, распределбата на средствата треба да се врши врз база на анализа на компаниите, со цел помошта и поддршката да ја добијат само тие кои навистина имаат потреба.
Истотака треба да се има на предвид дека економската активност во последниот период беше намалена, имаше и пад на приходите во државната каса која што ќе има ефект врз сите економски аспекти, затоа владата треба да соработува со приватниот сектор, активно да ја следи ситуацијата и да изреагира времено според потребите на бизнисот и економијата во целост. Овие инјектирани финансиски средства, не треба да предизвикаат забавување или откажување на инвестициските програми, особено на капиталните и инфраструктурните, бидејќи тие инвестиции гарантираат раст и развој на економијата во среден и долгорочен план.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
