-->
-->
Се е подготвено за четиридневната фестивалска забава „ Пивофест 2015“
-->

Со настапот на групата „Љубојна“ на големата сцена во центарот на Прилеп вечер од 20 часот и официјално ќе започне 13-то издание на „Пивофест 2015“.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, најавува многу забава за посетителите од земјава и од странство, во наредните четири фестивалски денови и со, меѓу другото 30 - тина штандови поставени во центарот на градот.
За сите четири фестивалски дена, според градоначалникот на Прилеп Ристески, се очекуваат преку 300 илјади посетители.
- Очекуваме, само првата вечер за отворањето околу 90 илјади посетители. Стартот ќе го означат пивото, желбата за добро сите да се чувствуваат на фестивалот и настапите на првите музички гости: Љубојна, Слаткаристика, Саша Ковачевиќ. Ќе има музика за сите вкусови. На располагање ќе биде и алтернативната, камената бина. Познати ди- џеи од Македонија ќе ги забавуваат гостите, изјави за МИА, Ристески.
Градоначалникот Ристески нагласи дека за сите фестивалски денови
за посетителите и гостите на располагање се 20 илјади паркинг места. Според него, сместувачките капацитети се полни и се бара место повеќе во соседниоте градови. Веќе има најавени и организирани туристички посети од Бугарија, Србија, Хрватска, од Грција и од Албанија.
Инаку, Македонски железници и годинава нудат вонредни возови за „Пивофест“.
- „Пивофест“ е бренд на Прилеп. Ја зголеми повеќекратно туристичката понуда на градот и е препознатлив во светот. Деновиве пристигнаа многу гости од сите страни, а освен посетата на фестивалот, им нудиме и разгледување на културното богатство на Прилеп. Голем ќе биде и економскиот бенефит не само за Прилеп, туку и за целиот регион. Угостителите и трговците за овие четири дена имаат продолжено работно време. „Пивофест“ е прилепска и македонска атракција, вели Ристески.
Денеска во киното „Мис стон“ се одржа и прес-конференција на која градоначалникот Марјан Ристески, невладината центар за граѓански иницијативи и водителите на фестивалската програма Маријана и Жаре меѓу другото најавија дека на фестивалот же се дегустираат и повеќе од 40 видови пиво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
