Заев: Делчев е македонски револуционер, но Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека првата официјална посета како премиер новата Влада очекува да биде на Бугарија, каде што со премиерот Бојко Борисов ќе разговараат за Гоце Делчев. Заев очекува дека посетата ќе се одржи пред закажаното одржување на Берлинскиот процес на 10 ноември, со кој заеднички претседаваат Македонија и Бугарија.
-Очекуваме во периодот, не подоцна, од 10 ноември да направиме една средба. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори, а тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата. На 10 – 11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Очекуваме овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за да можеме да седнеме да поразговараме на подготовката за Берлинскиот процес, секако и за ова отворено прашање, рече Заев.
Вели дека е добро што заедничката Комисија за историски и образовни прашања работи за изнаоѓање заедничко решение, изразувајќи уверување дека ќе испорачаат опции на иницијативи на решение на проблемот.
-Генерално нашето очекување е час поскоро да седнеме да изнајдеме решенија на ова прашање, да го подготвиме и бидеме навистина одлични во организацијата на Берлинскиот процес. Кажувам одлични во констелација и на Ковид-19 кризата што опстојува, но секако и очекувајќи до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, вели Заев.
На новинарско прашање што лично мисли, дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, Заев рече дека Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер.
-Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека имаме наш град што се вика Делчево, во Бугарија има град Гоце Делчев, имаме споменици во Македонија и во Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме во Благоевград на споменикот на Гоце Делчев но и заедно се поклонивме и на гробот на Гоце Делчев овде во Скопје, и реалноста и фактите се тие, рече Заев на заедничката прес-конференција со новиот ЕУ амбасадор Дејвид Гир.
Го повтори ставот дека низ историските личности треба да гледаме основа за градење на уште поголемо пријателство и соработка помеѓу двете земји и двата народа и оти не е добро како за европската иднина на Балканот, така и за регионот на Југоисточна Европа, историските моменти да се избегнуваат и се ставаат „под тепих“.
-Затоа имаме и договори за доброседство и соработка, за да можеме и во иднина да ги решиме и овие прашања, прашања што треба да не обединуваат, што ќе ја споменат нашата заедничка историја како нешто што било светост за граѓаните кои живееле во тој период конкретно крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога револуцоиниерите овде се бореле за социјални права, за слобода…и верувам можеме низ решение што ќе носи соработка и уште поголемо пријателство ќе бидат предизвиците низ кои што ќе ја димензионираме европската иднина, оцени Заев.
Ново на Сител
-

Три странски компании потврдија и донесена е одлука за инвестирање во нашата земја, а со десет се преговара, најави Мицкоски
-

Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
-

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство
-

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
