Популарноста на Емануел Макрон се зголемува малку кај Французите

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се зголеми малку во септември, за да достигне 38 отсто на позитивните мислења за неговата работа, наспроти 36 отсто во август, јави дописникот на МИА.
Ова произлегува од анкетата спроведена од Ифоп за Журнал ди Диманш. Бројот на незадоволство од работата на претседателот на Француската републиката опаѓа за еден поен, од 63 на 62 отсто, според истата студија.
Популарноста на Емануел Макрон во оваа фаза од неговиот мандат во Елисејската палата ја надминува за 15 поени од онаа на неговиот претходник Франсоа Оланд (23 отсто) во истиот период на власт, и за шест бода на Никола Саркози (32 отсто) во истите услови. Ниту Саркози, ниту Оланд не успеаја да бидат повторно избрани по крајот на петгодишниот мандат.
Бројот на испитаниците задоволни од работата на премиерот Жан Кастекс е намалена за три поени, од 48 отсто во август на 45 отсто во септември. Процентот на незадоволни лица останува стабилен и изнесува 46 отсто.
Ново на Сител
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
