Свет
18. December 2015 - 18:44

Горниот дом на рускиот Парламент ги замрзна контактите со Парламентот на Турција

Советот на Федерацијата - Горниот дом на рускиот Парламент, ги замрзна контактите со Парламентот на Турција по инцидентот со соборениот руски авион Су-24, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи Константин Косачев.

- Нашите контакти со колегите од турскиот Парламент, кои досега имаа интензивен карактер, сега се замрзнати... Не гледам никаква смисла за одмрзнување на контактите додека турските пратеници доста наивно и категорично ја штитат позицијата на претседателот на Турција. Во тој случај нема смисла за таков дијалог, посочи Косачев.

Претходно и руската Државна дума ги замрзна контактите со турскиот Парламент.