Во Данска ќе им биде конфискувана сопственоста на бегалците
Данскиот министер за интеграција Ингер Стојберг денеска изјави дека полицијата треба да добие право да ги конфискува накит од барателите на азил со цел да се платат расходите за нивното сместување, учењето на јазик, здравствената заштита и курсевите за професионална квалификација.
Таа наведе дека е подготвен предлог-закон со кој бегалците ќе имаат исти права со невработените Данци, кои можат да добијат социјална помош ако ги продадат сите предмети кои имаат вредност над 10.000 круни (1.453 долари).
Стојберг наведе дека бурмите, часовниците и предметите со сентиментална вредност не треба да бидат одземани.
Предлог-законот има поддршка од антиимигрантската Данска народна партија, втора сила во Парламентот и се очекува да биде изгласан следниот месец.
Повеќе од 9.000 лица годинава побарале азил во Данска, каде неодамна социјалната помош за бегалците беше намалена за 50 проценти.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот