Две лица измамени за лажни сообраќајки во Велес, измамниците си заминале со 6.500 евра

Во Велес во изминатите 24 часа две лица биле измамени за лажни сообраќајки кои вклучувале и нивни блиски. Измамниците барале пари за да им помогнат. Како што информираат од МВР:
На 07.09.2020 околу 11.00 часот во СВР Велес, О.С. од Велес пријавила дека на 05.09.2020 била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило лицето и и кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант и побарало пари да му помогне на синот. Таа му дала 300.000 денари на лицето, но потоа сфатила дека била измамена.
На 07.09.2020 во СВР Велес, Т.Т.(74) од Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1500 евра. Според пријавеното, во 16.00 часот на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него пари за да им помогне. Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
