-->
-->
Неколку лица прободени со нож во центарот на Бирмингем
-->
Неколку лица ноќеска се прободени со нож во центарот на Бирмингем, соопшти денеска британската полиција.
„Можеме да потврдиме дека околу 30 минути по полноќ бевме повикани за инцидент за прободување во центарот на Бирмингем. Наскоро потоа беа пријавени голем број други убоди со нож во областа и случајот беше прогласен за голем инцидент, се вели во соопштението на полицијата во Вест Мидлендс.
Во соопштението се наведува дека има голем број повредени.
„Во моментов не сме во можност да кажеме колку се повредени или колку од нив се сериозно повредени. Сите служби за итни случаи работат заедно на лице место и обезбедуваат медицинска помош“, се додава во соопштението.
Од полицијата наведуваат дека се работи на утврдување на причините на настанот и дека треба повеќе време за да соопштат детали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона