-->
-->
Македонската фудбалска репрезентација со победа го почна новиот циклус во Лигата на нации
-->
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 2:1 попладнево во 1. коло од Ц-групата во Лигата на нации.
Двата гола на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, Македонците ги постигнаа од пенал во првото полувреме, откако во два наврата во гостинскиот шеснаесетник беше фаулиран Елиф Елмас.
Стрелец на првиот погодок беше Езџан Алиоски (5. минута), а на вториот Илија Несторовски (38. минута).
И Ерменците голот го дадоа со удар од 11 метри. Тигран Барсегјан го постигна конечниот резултат во 90+4 минута.
Во другиот натпревар од првото коло во оваа група, Естонија од 18 часот ја пречекува Грузија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
