Министерот Филипче и Министерството за здравство добитници на признанието за хуманост „Св. Мајка Тереза“
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и Министерството за здравство вечерва добија посланија „Св. Мајка Тереза“ за 2020 година и статуетки за хуманост од Граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.
Вакво признание добија и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, директорот на Градската општа болница „8 Септември“ д-р Христијан Костов и директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле д-р Ангелчо Андоновски.
По повод 110 години од раѓањето на Св. Мајка Тереза, граѓанското здружение оваа година го посвети настанот на институциите и здравствените работници кои во овие моменти се во првите борбени редови во спасувањето на секој човечки живот и справување со ковид-19.
– Здравствените работници и соработници покажаа и докажаа како се работи пожртвувано. Докажаа дека во нивните принципи на работа ги имаат вградено постулатите на почитуваната Мајка Тереза. Ви благодарам за почитта. Со истата енергија ќе продолжиме и понатаму да работиме за да обезбедиме најдобар третман за нашите пациенти, потенцирал министерот Филипче, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Наградата „Послание за хуманост“ и статуетка со ликот на „Св.Мајка Тереза“ е востановена во 1999 година од граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје. Признанијата се доделуваат во рамки на деновите на Мајка Тереза кои се одбележуваат во чест на нејзиниот роденден, а централната манифестација се одржува на 5 септември, денот на нејзиното упокојување.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички