Земјите на В4 ќе и помогнат на Македонија во справување со миграциската криза

Може да настане ситуација да биде потребно да испратиме и друга воена помош во Македонија за справување со миграциската криза, освен полицајци и војници, изјави чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки на прес - конференцијата по средбата на министрите за одбрана на Вишеградската група (В4).
Како што јави дописникот на МИА од Прага, според Стропницки, на барање на Македонија, чешката помош ќе се состои од практични работи како што се теренски возила, кои ќе бидат испратени во Македонија во јануари идната година.
Тие ќе бидат обезбедени со мал воен контингент, чиј состав нема да остане во Македонија.
Унгарскиот министер за одбрана Иштван Симичко додаде дека дел од барањето од македонска стрaна било и „физички затворање на границите" со ограда, но не прецизираше дали некоја од земјите на В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) ќе излезе во пресрет.
Според чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец во Македонија ќе бодат испратени 25 полицајци, за што одлука треба да донесе чешката Влада.
Министерството предложило и парична помош од 800.000 евра за балканските земји.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
