Одбележување 20 години од воспоставувањето дипломатски односи со Израел

По повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатските односи меѓу Република Македонија и Државата Израел, од денеска до 21-ви овој месец, во неколку градови низ земјава ќе се организираат бројни пригодни свечености со кои ќе се одбележи овој јубилеј.Битола, Охрид и Скопје.
како што соопшти МНР, манифестациите започнуваат во Охрид, со отворање на Израелски филмски фестивал и изведба на театарската претстава „Нашиот клас“. На 19 јули во Битола ќе се организира изложба во хотелот „Епинал“ и театарска претстава во Народниот театар. Во Скопје на 20-ти јули, во просториите на Еврејскиот дом ќе биде организирана изложба на фотографии од двете земји под наслов ,,Израелско око на Македонија и македонско око на Израел“, а вечерта ќе се одржи свечен прием по повод Денот на независноста на Израел. Одбележувањето на јубилејот завршува на 21 јули во Македонскиот народен театар со прикажување на претставата „Нашиот клас“ од страна на Израелскиот Народен театар.
Носители на активностите се Министерството за надворешни работи на Република Македонија, културната манифестација „Скопско лето“, Еврејската заедница од Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Државата Израел.
На настаните ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска, како и градоначалниците на градовите Битола, Охрид и Скопје.
Во свечениот дел на програмата најавено е присуство на претставници на дипломатскиот кор и на еврејската заедница во земјата.
Ново на Сител
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
