Д-р Пановски: Школската година требаше да почне порано - причина за доцнењето е неподготвеноста на институциите
- Неподготвеноста на надлежните институции е главната причина поради која децата наместо на 1. септември во училишните клупи ќе седнат еден месец подоцна, вели докторот Никола Пановски. За него, денешната владина одлука, училиштата да се отворат од 1. октомври е погрешна. Тој останува на ставот дека децата со настава требале да почнат уште овој месец, бидејќи се уште е топло и можат да се проветруваат училниците или пак да учат на отворено.
Тој апелира децата, особено тинејџерите да се воздржат од собирање во затворени простории кога ќе залади. Пановски смета и дека наставата со физичко присуство согласно здравствените протоколи, ќе се одвива отежнато.
Докторот вели и дека идните средношколци, се уште имаат време да се запознаат со своите наставници на отворен простор или во големите училишни простории како што се фискултурните сали, со цел од октомври, подготвени да почнат со онлајн настава.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар