Два нови случаи на заразени со Ковид -19 во Крива Паланка и еден во Кратово
Според денешните резулатти објавени од Институтот за јавно здравје, во општина Крива Паланка се регистрирани два нови слуачи на лица заразени со Ковид-19, а има и едно заразено лице во Кратово.
Со тоа, бројката на активни случаи во Крива Паланка се искачи на седум, од кои последните четири случаи се регистрирани во изминатите 72 часа.
Денешните два новодијагностицирани случаи се возрасна жена која според епидемиолошките анкети била на Скопските клиники и најверојатно таму се заразила, додека другото лице е младо момче на 26-годишна возраст, кој без какви било симптоми направил тест за Ковид-19 поради претстојно патување во странство.
Инаку, претходните два случаи беа лица вработени во рудникот кај Крива Паланка, „Тораница-Булмак“.
Во Кратово засега, со денешниот случај има само два активни случаи со Ковид-19.
Општина Крива Паланка и Кризниот штаб изминатата недела превземаа дополнителни мерки за заштита од Ковид-19, со низа мерки и заклучоци, меѓу кои: носење заштитни маски и заштитни ракавици и на отворен и во затворен простор, при посета на деловни субјекти, државни или локални институции, препорака за набавка на апарати за мерење температура на влезот на објектите кои вработуваат повеќе од пет лица, почитување на протоколите за одржување јавни настани, со препорака и забрана за одржување собири
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас