Големи гужви за промена на трансакциски сметки пред делчевските банки
Откако беше објавено граѓаните да отворат нови трансакциски сметки по пропаѓањето на Еуростандард Банка, делчевци уште од рано утрово во голем број застанаа пред останатите банки во градот за да отворат нови трансакциски сметки. Ова предизвика големи гужви пред банките, во услови кога во Делчево има зголемен број на случаи со Ковид-19.
-За жал мора да чекаме, за да ги подигнеме и оние малку пари што ги имаме мора да отвориме нова трансакциска сметка. Навистина е гужва и се чека многу, но што е тука е парите ни се потребни и ќе чекаме, вели граѓанин кој го затекнавме во редот со останатите граѓани кои чекаа.
На местото пред една од банките беа видливи редарите, кои ја регулираа гужвата со укажување до граѓаните да го запазат редниот број и да држат дистанца.
-За жал не се внимава многу на препораките за држeње дистанца, обврската за носење заштитна маска генерално се почитува. Наше е да го запазиме редот во банката, додека на самите граѓани е да ги почитуваат останатите обврски, велат редарите.
Ваквата состојба пред делчевските банки нагло се зголеми по објавата за пропаѓање на Еуростандард банка и не можноста своите обврски да ги извршуваат во делчевската Пошта, каде најчесто досега поголем дел од граѓаните ја подигаа својата пензија и ги плаќаа сметките за комуналии и електрична енергија.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани