Голем скандал: Во јавноста протекоа порно фотографии на Дара Бубамара 18+

Дара Бубамара се најде среде секс – афера поради фотографии на кои позира како се самозадоволува. Пејачката тврди дека е на раб на нервен слом откако во јавноста непознато момче ги пласирало во медиумите експлицитните фотографии и пораки кои Дара наводно му ги праќала.
Пејачката тврди дека сопругот нема да ја остави поради овој скандал бидејќи тие фотографии и пораки наводно му ги праќала токму на него.
- Пијам „диазепами“ цел ден! Сопругот Милан е цело време со мене. Тие фотографии му ги праќав на мојот сопруг и останале во мојот мобилен телефон кој го однесов на поправка, а некој очигледно тоа го злоупотребил. Ние така си испраќаме еден на друг фотографии кога сме разделени, така се возбудуваме!Секој има по некоја гола фотографија во телефонот, па голи и сме се родиле. Не ми е јасно зошто се нафрлиле на мене и зошто сакаат да ми го уништат бракот! – изјавила Дара за српските медиуми.
Пејачката отиде толку далеку што се спореди со Мадона.

-И Мадона има такви фотографии па ништо не и фали! Мојот сопруг тоа го разбира и ми дава максимална поддршка. Ние никогаш нема да се разделиме, планираме заедно да остариме – се правдала Дара.
Српскиот таблоид Свет вчера ги објави компромитираните фотографии на кои пејачката позира потполно гола симулирајќи секс, како и смс преписка со момче во која Бубамара опишува каков секс сака со него. Момчето открило дека пејачката ја запознало преку социјалната мрежа Инстаграм каде таа и му го оставила бројот на својот мобилен телефон, а набрзо следела сочна преписка проследена со жешки фотографии.


Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
