Русија примила нарачки од 20 земји за една милијарда дози вакцини
По објавувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да ја достави вакцината наречена Спутник В.
Директорот на рускиот директен инвестициски фонд, Кирил Димитријев, за Раша Тудеј изјави дека веќе добиле нарачки за милијарда дози вакцини, пренесува Спутник.
„Заедно со странските партнери, ние сме подготвени да произведуваме повеќе од 500 милиони дози вакцини годишно“, рече Димитријев и додаде дека вакцините произведени во Русија ќе се користат во земјата, додека оние произведени од странски партнери ќе бидат достапни и за други земји.
Димитријев додаде дека РДИФ работи и на програма за хуманитарна помош за земјите во развој, чија цел е вакцината против коронавирусот да биде достапна за земјите што не можат да ја купат.
Објаснувајќи дека вакцинацијата е акутен проблем во најсиромашните земји, Димитријев рече дека РДИФ верува дека „вакцините треба да бидат еднакво достапни за луѓето ширум светот, без оглед на финансиската состојба“.
Иако веќе е регистрирана, руската вакцина ќе помине низ повеќе клинички испитувања во Русија и Блискиот исток.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување