Борба за живот во скопско Зелениково, поплавата ги остави без покуќнина
Трагично ќе завршел обидот на 70 годишната Менда Маневска да го напушти својот дом откако синоќа Зелениково го зафати силно невреме.
-Река, цела река беше. Мене почна да ме носи, да се давам, паднав во водата, комшијата дојде ме зема во раце ме спаси, раскажува Маневска.
Соседите велат дека глетката била стравична. Куќата на 70 годишната жена била до половина полна со вода.
-Комшиката едвај син ми ја спаси. Вели ја земав за рацете да ја изнесам надвор, а водата ја турка внатре, значи страшно беше, објасни Миланка Димишковска.
-Ако не излезеа соседите, куќата ќе ја немаше – ќе беше однесена во Вардар, сведочи сопругот на Димишковска.
Денеска со градежна механизација, се расчистува хаосот кој го предизвикал поројниот дожд во домот на бабата – помагаат и соседите. Иста штета претрпела и соседната куќа, а жителите сведочат дека уште 20-тина семејства имаат штета во домовите. Дождот кој паѓал велат нема никогаш да го заборават.
- Второ Стајковци можам да кажам. Вода од сите страни доаѓаше како водопад некој да беше. ТУка имаме канал, по улицата одеше река – носеше дрва, камења, Се носеше. Страшно беше, комшиите ги полави, едвај ги спасивме. Јас ваква слика во мојот живот немам видено.
- Вода како да се истура од кофи – Јас мислам дека не беше дожд, вода и тоа вода,многу вода. Сликата беше многу трагична. Тоа беше катастрофа, катастрофа, велат жители на Зелениково.
Жителите на Зелениково велат дека интензивниот дожд за кратко време ги поплавил нивните домови.
Синоќа околу 21 часот невремето го зафати Зелениково. Поројниот дожд кој траел околу половина час за кратко време предизвикал нивото на водата на оваа улица да се покачи на повеќе од еден метар.
Во текот на целата ноќ жителите се обидувале да ги расчистат остатоците од силното невреме.
Жителите се соменваат дека причина за поплавените домови се нерасчистени одводни канали.. Локалните власти обвинуваат за несовеснот на мештаните.
Градоначалникот на Зелениково вели дека ќе им помогне на семејствата чии домови се поплавени, бара помош и од државните власти.
За помош моли и 70 годишната Менда Маневска која вели од домот во кој живеела единствено и останала облеката која ја носела на себе.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар