Дојран за Илинден е традиционално преполн со гости

Претпладнево Дојран почна да се полни со еднодневни гости кои во деновите од продолжениот илинденски викенд секојдневно ќе доаѓаат да побараат освежување во водата на Дојранското езеро.
Место за сметување речиси е невозможно да се најде затоа што комерцијалните и приватните сметувачки капацитети се целосно пополнети најмалку до 10 август што значи дека со гостите кои ќе доаѓаат на дневна основа, во Дојран дневно ќе се собираат меѓу 10 и 20.000 гости.
Бидејќи здравствената криза што ја наметна корона кризата е се уште актуелна, локалната самоуправа предводена од градоначалникот Анго Ангов, е целосно мобилизирана на примената на протоколите за работа од страна на хотелите и угостителските објекти, како и на доследно почитување на мерките и користење на средствата за заштита од ширење на корона вирусот.
– Сите гости ни се добредојдени во Дојран, но претпоставуваме дека поголемиот дел од нив ќе бидат млади луѓе за кои и ние ќе треба со надлежните служби да се погрижиме за нивна заштита. Поради тоа координиравме заеднички активности со повеќе од нив, како со МВР и локалните комунални редари кои по плажите им делат флаери на гостите за заштита од коронавирусот, како и бесплатни заштитни маски, вели Ангов.
Заради избегнување гужва и одржување социјална дистанца, од општината апелираат до гостите да не се користат само плажите во централното подрачје затоа што и другите се уредени и се наоѓаат на Дојранското крајбрежје.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
